Чучкова: Итно зголемување на училишни психолози! Пандемијата носи последици врз развојот на децата од 5 до 14 години!

kid raising his hand in classroom

Менталните болести, потребата и побарувачката за психолошки услуги се на највисоко ниво на сите времиња – посебно кај децата, вели психолгот, д-р Ана Чучкова професор на Факултетот за психологија при МСУ.



Целата ситуација околу носењето маски во училиштата, дезорганизираност, несигурноста во носење на решение во врска со ова прашање, создава кај децата конфликт.

Последната година се забележуваат и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помладата популација, додава Чукова.
За да се сочува менталното здравје кај децата, професорката апелира до надлежните итно зголемување на бројот на училишни психолози, обуки за секој наставник, обуки за емотивно здравје и врз децата. Долгорочно решение е и вградување на менталното здравје во училишните програми.

Лидер: Веќе втора година наставата во училиштата се одвива според ковид протоколи. Најголема дилема за властите е како ќе се организира наставата, онлајн, со физичко присуство со или без носење на заштитни маски. Според Вас дали креаторите на политиките го изоставаат она најважното, а тоа е менталното здравје на децата? Што се превзема по однос на тоа прашање?

– Минатото јасно ни покажува дека секоја кризна состојба носи со себе последици, не само на физичкото туку и на менталното здравје.
За жал , проблемите со менталното здравје потешко се детектираат. Многу често не се појавуваат само додека трае кризната состојба туку кога ќе заврши.
На пример , Меѓународната невропсихијатриска организација направи мини – интервју на лица од Балканот, погодени од војна. Истражувањето е направено во Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Република Македонија и Србија, со цел да се види преваленцата на нарушувања на расположението, анксиозноста и употребата на супстанции. Резултатите се слични и со други истражувања од други држави, т.е. нарушено расположение, депресија, анксиозност и еквивалентно се темелат на преживеани трауми од кризи.

Како што се приближуваме со две полни години во криза т.е. пандемија, менталните болести, потребата и побарувачката за психолошки услуги се на највисоко ниво на сите времиња – посебно кај децата. Само за илустрација пред КОВИД-19, податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) открија дека 1 од 5 деца има ментално растројство, но само околу 20% од тие деца добивале грижа од давател на ментално здравје.

Без разлика дали децата се соочуваат со траума поради нивна злоупотреба или губење на член на семејството или секојдневна вознемиреност за и околу вирусот со своите непредвидливите рутини, ним им треба уште поголема поддршка и тоа токму сега, а сето тоа во услови на позначителен недостиг на ресурси за ментално здравје на децата.

Училишните психолози, кои се во во недостиг, ги оставаат децата без доволно поддршка на училиште. Националната асоцијација на училишни психолози (NASP) препорачува сооднос од 1 училишен психолог на 500 ученици, но тековните податоци на NASP проценуваат потреба од сооднос од 1 на 1.211 ученици.

Пандемијата, само “помогна” во влошување на постоечките разлики во услугите за ментално здравје. Техничкиот извештај од 2020 година, дека учениците на кои најмногу им е потребен пристап до училишните услуги, особено оние со пониско социо-економско потекло, имале пониски стапки на советници и училишни психолози во нивните училишта.

Ние, психолозите постојано бараме финансирање и спроведување дополнителни долгорочни решенија за решавање на проблемите со менталното здравје откриени и влошени од пандемијата, од вградување на менталното здравје во училишните програми до обука на наставниците за превенција. Стратегии за поддршка на учениците засновани на психолошка наука- вели Чучкова за Радио Лидер.