Огнот може да се прави голем пламен, но е доволно да се плисне со со вода, или да дувне ветар и тогаш го снемува! Истото се однесува и на Бугарите, кои очајнички се напинаат Македонците да ги престорат Бугари, да прикажат оти сме со нив „ист народ“ – „същите хора“, ама не ја бидува таа работа! Не можете од Македонец да „измесите“ „бугарско тесто“. Уште помалку можете од Бугарин да сторите Македонец, колку и да ги крадат македонските народни песни, нашите цареви, цркви, обичаи, нашиот идентитет и историја. Кога со вечната и жива „македонска вода“ ќе плиснете врз „бугарскиот оган“, што ќе остане од него?! Ниту чад, ниту пепел! Кога ќе успее некој да ги помеша водата и огнот, е, тогаш Македонците ќе бидат „еден народ“ со Бугарите, кои трагаат по своите турко-трако-ирански корени!
Овде од реториката да прејдеме на науката и аргументите. Се вели дека „пред фактите молчат и боговите“ и затоа еве неколку научни факти, пред кои треба да замолчат и денешните Бугари со нивните дрски и трагикомични тврдења дека Македонците имаат исто потекло со нив и иста, заедничка историја. Бугарскиот историчар – траколог д-р Стефан Јорданов, доцент на Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ изнесе вакви констатации на една меѓународна научна конференција во 2001 година: „Бугарскиот средновековен етнос е формиран во текот на силното етнокултурно заемно дејствување меѓу големите етнолингвистички маси од раниот среден век како што се Словените, Турците и Индоиранците. Бешевлиев, еден од најдобрите познавачи на историјата и културата на Прабугарите, прифаќа дека Прабугарите се обопштено турско-алтајско население, но во нивните имиња се следат голем број имиња од иранско потекло, меѓу владетелите на Првото бугарско кралство, што би можело да значи присутност на ирански инфилтрации.“
Во 2015 година 20 бугарски историчари и други научници се обединија во барањето да се извршат корекции во учебниците по Историја и цивилизација, односно да се внесе нова теза за потеклото на Бугарите. Во писмата до Министерството за образование и наука, за култура, како и до претседателот на Бугарската академија на науки, меѓу другото, се наведува: „Да се рашири знаењето за староиранскиот свет, зашто ние сме негови наследници.“ Угледната енциклопедија „Британика“ под графата „Бугари“, меѓу другото, пишува: „Територијалната експанзија во Србија и Македонија под ханот Крум (803–814) и под ханот Пресијан (836–852) била проследена со преминување на Бугарите во христијанството. Рано во 11 век Бугарите и Словените се претопиле во словенски, христијанизиран народ суштински идентичен со денешните Бугари.“ Овде запираме во пренесувањето на ставовите, кои се Бугарите по своето потекло, оти изнесовме сосема доволно ставови поврзано со нивната потрага по сопствените етнички корени и нивниот идентитет.
Наспроти тоа што се во бркотница околу своето потекло, не знаејќи се уште кои се и од кај дошле, Бугарите, сепак, што се однесува до Македонците повеќе од еден и пол век настапуваат без никаква конфузија во својата антимакедонска стратегија. Тие негираат потекло и постоење на народ, кој настанал на простор неколку илјади километри подалеку од турските, или иранските степи, или од базенот на руската река Волга, сеедно од кај се поточно. Тие негираат потекло и постоење на народ, чии почетоци на етногенезата се илјада до две илјади години пред да се појават и прабугарите.
Кратко за настанувањето на македонската нација, за да се види дека дека Македонците и Бугарите се два тотално различни народа. Денешната македонска нација е директен наследник на древномакедонскиот етницитет, што е потврдено со обемните високопрецизни научни споредбени истражувања на реномираниот институт за генетика „Игенеа“ („iGENEA“) од Швајцарија. Студијата за генетско мапирање на Европа, изработена од овој институт, недвосмислено ја потврди и прецизно ја дефинира генетската припадност на денешните Македонци. Македонците во својот генетски профил го покажаа своето директно потекло од античките Македонци, кое во гените на денешниот македонски народ учествува со највисоки 30 проценти. Грците имаат само пет проценти во својот генетски профил од античките Македонци. Резултатите од студијата беа објавени во 2008 година. Вториот дел на македонската етногенеза се состои од старословенската етничка компонента.
За обединувањето во единствена двокомпонентна античкомакедонска и словенска етногенеза, за словенизирањето на античките Македонци и за македонизирањето на старите Словени, прецизно се произнесува Илија Велев, професор по историографија и литература: „…веќе од 80-тите години на VI и низ целиот VII век се извршила словенската колонизација и на просторот на Македонија. Овој миграциски наплив предизвикал влијателни етнички промени на просторот на Македонија. Домородното, веќе христијанизирано македонско население дошло во ситуација да се вклучува во новата етничка симбиоза со словенските доселени племиња преку нов – самиот по себе предизвикан колективитет.“
Ќе заклучиме: Бугарите како нација допрва се во потрага во своите етнички корени и тие допрва го градат својот етнички идентитет. Познато е дека оној што нема свое мора тоа да го краде од соседот, па така и Бугарите клучните историски личности од македонската историја ги прогласуваат како свои, затоа тие ги присвојуваат сите македонски обичаи, песни, народни и новосоздадени, а македонскиот јазик го прикажуваат како дијалект на својот бугарски јазик. Втор огромен проблем за Бугарите е тоа што нив ги снемува како народ. Тие се соочени со страшна демографска катастрофа и затоа ним очајно им се потребни Македонците, прикажани како Бугари. Со живото ткиво на македонската нација денешните потомци на бугарските ханови се обидуваат „иновативно“ да ги пополнат страотните дупки во својот бугарски национален корпус. Оттука, должност е на македонската наука да го разобличи сево ова, да тргне офанзивно и агресивно во осознавањето на бугарската етногенеза и да направи неопходно арументирани споредби со македонската етногенеза, со цел да им се стави крај на сите монструозни фалсификати и на оспорувањата на македонскиот народ.
Во меѓувреме, Гоце Делчев е точката веројатно на најбесмислените и најжестоки бугарски посегања по се што е со предзнак македонски. Сплотувањето околу највеликиот Македонец Делчев за Македонците мора да биде почеток на борбата за уништување на геноцидниот договор со Бугарите, за уништување на сите нивни антимакедонски напади. Чествувањето на „заедничкиот“ Гоце е невидено гнасење на сиот живот и сето дело на апостолот на македонската револуционерна борба за ослободување на Македонија, покрај другото и од Бугарите. Бугарите сакале по секоја цена да го запрат процесот на Македонското национално ослободително движење со цел да можат територијално да ја заземат Македонија. Дури во 1902 година поради мешање на Бугарија бил предизвикан инцидент, односно било кренато, поради провокација на Бугарите, така нареченото Горноџумајско востание. Кога Делчев разбрал за ова бесно изреагирал: „Зарем не гледате дека на Бугарите им пречи тоа дека сме Македонци? Бугарите не не сакаат нас, Македонците. Тие да не сакаа немаше да ни дадат пушки без муниција. Тие ја сакааат само територијата на Мајка Македонија.“





