Еден од најголемите антимакедонисти призна: Македонија не е дел од географска Бугарија

Еден од најактивните бугарски антимакедонисти, историчарот Пламен Павлов во разговор со бугарски медиуми зборува за револуционерот Васил Левски и како тој ја гледал Македонија меѓу другите региони на Балканот кои денешна Бугарија ги смета за историско свои.



Павлов во разговорот признава дека Македонија гледано согласно европските географски карти не е дел од Бугарија туку е посебна провинција.

Истото важи и за Тракија која сега е на територија на Грција а која официјална Софија сега воопшто не ја споменува како бугарска или како територија каде живеат Бугари кои треба да влезат во Грчкиот устав.

,,Самиот тој во документите на организацијата вели: Секаде каде живеат Бугари а тоа се Бугарија, Србија и Македонија. Според западноевропските манир на географските карти Бугарија се простира на Северна Бугарија кој Добруџа и Поморавието, додека Тракија и Македонија се сметаат за посебни провинции”, вели Павлов кој важи за еден од најголемите антимакедонисти во соседната држава.

Павлов потоа додава дека никој наводно не спорел дека во овие провинции доминирал бугарскиот елемент и дава имиња на западни истражувачи кои го тврдат тоа но дури ни тој не може да оди контра историската вистина која ја признава западната наука а според која Македонија е посебен ентитет од Бугарија од многу одамна.

Притоа Павлов признава и дека за Македонија во Бугарија во времето на Левски се зборувало многу малку.

Павлов претходно тврдеше дека македонскиот наводен антибугаризам е антиевропски

Антибугаризмот во Македонија е антиевропеизам, смета бугарски историчар