Уште една сообраќајка синоќа во Скопје – повреден пешак

Пешак бил повреден синоќа околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода беше удрен човек. Повредениот паднал на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје, пренесува Телма. 



Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.

Повеќе присутни граѓани му помагаа и беше повикана Итна помош. Присутните цело време ги пренасочуваа и ги предупредуваа автомобилите кои се движеа од Кисела Вода кон Центар за да не го удрат повредениот.

Неколку минути по ударот, пристигна тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот е префрлен во една од скопските болници.