Средба на Али Ахмети со Албин Курти во Приштина

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, министрите Бесими, Османи, Шаќири, Бектеши, Нуредини и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми вчера престојуваа во Приштина каде беа пречекани од премиерот на Република Косово, Албин Курти.



Ахмети и Курти разговараа за состојбата со пандемијата во двете држави, за состојбата во здравствените установи и за олеснувањето и отстранувањето на мерките во нашите држави, така и за меѓу граничното движење.

Други точки на разговор на оваа средба беа и патот Тетово – Призрен, автопатот Приштина – Скопје, заедничкото гранично управување, заедничкиот туристички центар во Попова Шапка и Брезовица, политичката ситуација во регионот, дијалогот меѓу Скопје и Софија, Белград и Приштина, итн.

„Двајцата соговорници разговараа и за поврзувањето на нашите два автопати Приштина – Блаце – Скопје, проект со многу приоритети за двете страни и кој се очекува наскоро да биде завршен.

Ахмети и Курти договорија и интензивни чекори во однос на заедничкото управување со границата и заедничкото претставување на туристичките капацитети меѓу Попова Шапка и Брезовица“, се вели во соопштемнието на ДУИ.

Дел од разговорот меѓу Ахмети и Курти беше и дијалогот Косово-Србија.