Вучиќ потврди дека починала неговата прва сопруга

Вечерва преку социјалните мрежи се огласи српскиот претседател Александар Вучиќ кој ја потврди тажната вест за смртта на Ксенија Вучиќ, српска новинарка и негова прва сопруга.



Претседателот Вучиќ на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија од својата покојна сопруга со кратка изјава.

,,Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга. За местото и датумот на погребот подоцна ќе ги информираме семејството и пријателите”, напиша Александар Вучиќ.