Петков: Македонија кон ЕУ, не значи и дека Македонија се пушта во ЕУ

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за радио Дарик вели дека претстои долг преговарачки период во влезот на Македонија во ЕУ во кој ќе може да се надминат најчувствителните прашања од бугарско-македонскиот спор.



„Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа. Има 15 години од оваа до втората точка.

Во тие 15 години има 27 поглавја да се отворат.

На на видео ЛИНК-от по 11 минута

Ако направиме процес да се развива историската вистина, да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата и тој процес има јасен механизам како да се исчистат тие елементи“, вели Петков. Канал 5