Инфектологот од Клиниката за инфектологија во Скопје Жаклина Шопова објавува како во една земја која се стреми кон ЕУ, се имплементираат законите:
,,На седница на Влада се донесува одлука да се скрати времето на изолација на пациентите со КОВИД со и без симптоми и тоа е во ред.
Да се имплементира одлуката ретроградно не е во ред!
Да дозволите врз основа на таа одлука ретроградно да се избришат од систем над 7000 пациенти , и при тоа ги прикажете на сајтот на МЗ дека се “излекувани” , е тоа е казниво со закон, бидејќи им ги ускратувате правата на дел од тие пациенти кои сеуште и маат тегоби да го продолжат лекувањето бидејќи ГИ НЕМА во системот!!!
…мора да научите дека законот е за да го почитуваат СИТЕ, а не некој да се постави над законот и да го толкува како му одговара!!!
Да ве прашам кој ќе е одговорен за оние пациенти кои сте ги “излекувале” ( избришале) во мој термин, а имаат влошување на состојбата откако сте им ја пратиле пораката !?… и како ќе ги внесете сега во системот како нови позитивни пациенти , како реинфекција !? Па каква ни е статистиката која сега ја имаме, кога сме измешале баби и жаби !?”, пишува врвниот инфектолог.

Таа уште вчера предупреди што се може да предизвика една нова мерка донесена од староновата Влада:
,,1.Хаос во електронскиот дневник на мој термин
2.Хаос кај матичните лекари кои не знаат што да прават со избришаните пациенти кои направиле тестови во деновите пред одлуката и кои веќе биле во изолација по старо ( 10 дена асимптоматски и 20 дена симптоматски со комисиски одобрени боледувања)
3.Но најважна е бомбастичната вест на страната на МЗ која произлезе со оваа мерка :
во Македонија од вчера до денес се излекувани( читај избришани од системот ) фамозни 7273 пациенти!!!
Премиеру Ковачевски не знам дали сте свесни што направивте!”, го прашува доктор Шопова првиот човек на владата.
Шопова е една од илјадниците здравствени работници кои од почетокот на ковидкризата беше на првата линија на фронтот.




