Претставници на ОМО „Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија, денека беа примени од претседателот Стево Пендаровски.



Тие го информираа претседателот Пендаровски за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество.

Претседателот Пендаровски оцени дека почнува нова фаза во однос на дијалогот со Бугарија, па двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот.

Шефот на државата смета дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за решавање на отворените прашања.

Пендаровски информираше дека наскоро ќе оствари официјална посета на Република Бугарија, каде ќе има разговори со претседателот Румен Радев.

Претседателот истакна дека Република Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година.