Откако поранешниот премиер Зоран Заев си замина од функцијата, заедно со семејството отпатува на едно од најскапите и најлуксузни зимски одмаралишта во Европа.
Заеви се пофалија дека се на најлуксузното и најскапото зимско место во Европа – уживаат во Шамони! Неговата ќерка Александра, на инстаграм се пофали дека се во Франција и уживаат под падините на алпите и врвот Мон Блан.
Ова е инаку место во кое десетина дена престој чинат колку две години животни трошоци за просечно македонско четиричлено семејство.
Ова туристичко место е претставувано како едно од најлуксузните на планетата.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски говорејќи на Комисијата за надворешна политика, рече дека се оствариле неговите прознози дека Македонија нема да добие датум за преговори.
-Јас во една прилика реков дека во јануари може да се добие само датум за скијање. Еве наместо Македонија, Заев доби датум за скијање во Шамони – рече Николоски.






