Бајден: Во февруари можно е Русија да ја нападне Украина, Зеленски не му верува

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека постои „голема веројатност“ Русија да ја нападне Украина следниот месец, соопшти Белата куќа, цитирана од Би-Би-Си.



Бајден ова го соопштил во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Претседателот Бајден рече дека постои голема веројатност Русите да ја нападнат Украина во февруари. Тој тоа го кажа јавно, за тоа предупредуваме со месеци“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн.

За време на разговорот, Бајден ја потврди подготвеноста на САД, заедно со нивните сојузници и партнери, „одлучно да реагираат доколку Русија ја нападне Украина“, се вели во соопштението на Белата куѓа.

Си-Ен-Ен и други американски медиуми велат дека двајцата претседатели не се согласиле за тоа колку е непосредна заканата од руски напад.

Зеленски побарал од својот американски колега „да ги смири пораките“ додека тврдел дека руската закана е сè уште двосмислена.

Германија ѝ понуди на Украина 5.000 воени шлемови во случај да биде нападната од Русија