Само за Коридорот бр 8 меѓу Бугарија и Македонија во последните години се потпишани три меморандуми, му реплицираше поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, на премиерот Кирил Петков и го замоли да намали со ентузиазмот.
Захариева рече дека со Скопје биле потпишани најмалку 20 меморандуми, но повеќето од нив останале на хартија и не се реализирани од Скопје.
„Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате“, рече Захариева пренесе БГНЕС.
„Ова е пријателски совет, а не непријателски“. За документите потпишани со РСМ, Захариева нагласи: Да видиме што ќе следи од нив.
Премиерот Кирил Петков кој денеска реферираше пред пратениците за остигнатото на заедничката конференција со македонската влада, се согласил дека ние само подготвивме, направивме, потпишавме не е добар начин за односи со РСМ.







