Петков: На 4-ти февруари заедно со Македонија ќе го чествуваме Гоце Делчев

За 4 февруари подготвуваме заедничка прослава со РС Македонија по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков во обраќање до бугарскиот парламент во врска со односите со Македонија.



Петков вели дека „Димитар Ковачевски е премиер на РС Македонија една недела, и четири од тие осум дена ги помина со бугарската Влада. Ова укажува на желба да се заврши работата, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, одговарајќи на прашања од пратеници за двете средби со македонскиот премиер, објави БГНЕС.

„Министрите кои дојдоа во Бугарија беа во огромен број и постигнавме голем напредок во повеќе области. Потпишавме три меморандуми, кои беа во многу клучни области, вклучувајќи го и Коридорот 8. Тој испадна од листата на европски проекти, ако сакаме да го вклучиме тоа ќе се случи со заедничка работа“, рече Петков.

Тој рече дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во РС Македонија и рамковната позиција.

„Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во РС Македонија во нивниот Устав. Тој не се обврза со време“ им објасни Петков на пратениците.