Си-Ен-Ен: САД сакаат да испратат 1.000 војници во Бугарија

Соединетите Американски Држави и некои од нивните сојузници дебатираат за можноста за распоредување на илјадници војници во источноевропските земји на НАТО пред можна руска инвазија на Украина, јави Си-Ен-Ен.



Меѓу земјите кои размислуваат да примат војници се Бугарија, Романија и Унгарија. Распоредувањето ќе има по приближно 1.000 персонал во секоја земја и ќе биде слично на претходните борбени групи во моментов во Балтичките држави и Полска, пренесе Њуз.бг.

САД и Велика Британија се меѓу оние кои размислуваат за испраќање војници, но европски дипломат вели дека не сите 30 членки на НАТО се согласуваат со мерката. Сојузниците во Алијансата не се целосно едногласни за сериозноста на заканата од Русија.

Политико: Германија испраќа 5.000 шлемови за Украина

Германија, на пример, одби да и продаде ново оружје на Украина.