Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска во центарот на Скопје делеше мекици на случајни минувачи. со цел како што велат, да му се помогне на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија.
„Сега од кога повеќе не е на функција генерален секретар и од кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени.
ОД УМС на ВМРО-ДПМНЕ прашуваат:
Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни?
Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје?
Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка „доџ“?
Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип „волво“?
Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, „хонда“ и „кавасаки“.
Вчера поранешниот ген-сек на владата Рашковски за новинарите изјави дека дека неговите деца штеделе и парите што ги имаат како и стекнатиот имот се од роденденски подароци, од крштевки, мекици…






