Забележуваме напредок и конкретни рокови, оцени денеска бугарскиот премиер Кирил Петков по заедничките состаноци на владите на Бугарија и на Македонија, пред редовниот неделен состанок навладата.
„Сакам да им се заблагодарам на сите министри кои учествуваа. Напредокот беше опиплив, беа постигнати реални резултати и беше спроведено со сосема поинаков, конструктивен тон во споредба со она што беше во претходните години“, го пофали премиерот својот тим.
Тој изрази надеж дека новиот модел на работа ќе доведе до толку посакуваното добрососедство.
Петков се заблагодари и на министерката за надворешни работи Елена Генчовска за организирањето на заедничката средба.
„Се надевам дека ова е само првиот чекор’ рече тој како што пренесоа бугарски медиуми.






