Американскиот претседател Џо Бајден би ги разгледал воведување санкции против Владимир Путин доколку Русија ја нападне Украина, пренесе Би-би-Си.
Во изјава за новинарите, Бајден одговори потврдно на прашањето дали тој лично ќе воведе санкции за рускиот претседател во случај на напад врз Украина.
Тој оцени дека преминување на границата ќе има „огромни последици на глобално ниво“ и може да биде еднакво на „најголемата инвазија од Втората светска војна“.
Шефот на американската држава додаде дека ќе се чувствува должен да го зајакне присуството на НАТО во Источна Европа.
„Мораме јасно да ставиме до знаење дека нема причина за која било членка на НАТО да се грижи… НАТО ќе ги заштити“, рече тој. Но, тој повтори дека нема планови за испраќање американски војници во самата Украина.







