Стандардот на граѓаните пропаѓа тоне, а на власта на Заевизмот око не и трепнува. Цените на мало во декември се зголемени за 6%, поскапија горивата, цената на струјата порасна за 15%, цената на парното речиси за 15%, што директно влијае врз семејниот буџет на секој граѓанин, објави ВМРО-ДПМНЕ.
Власта на пиунот Ковачевски не презеде ништо тоа да го спречи. Немаше навремена набавка на гас, немаше навремен ископ на домашен јаглен и домашно производство на струја, немаше навремена заштита на пазарот со основните продукти.
Дополнително, буџетскиот дефицит е 7 милијарди и 255 милиони евра или нов долг за секое семејство од почетокот на 2022 година во износ од нови 14.500 денари.
Тоа е резултатот на заевизмот, на кој во ек на економска, здравствена и енергетска криза прв приоритет му е набавка на златен прибор за пиунот Ковачевски.
Криминалот на заевизмот, поради кој и оваа година Македонија е рангирана како една од најкорумпираните земји во Европа, државата ја закова на дното по странски инвестиции и економски раст во целиот регион. Расте долгот, а економијата тоне.
Тоа мора да престане. Решението е да се раскрсти со заевизмот на предвремени парламентарни избори, и тоа час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ






