Македонија да се постави кон Бугарија како антифашистички победник, бара Котлар

Професорката Наташа Котлар од Институтот за национална историја (ИНИ) бара Македонија да се постави кон Бугарија како победник во антифашистичката борба во Втората светска војна.



„Македонија (како правен наследник на ДФ/СФРЈугославија) треба да изврши нотификација на париската Мировна спогодба со Бугарија (1947), за да може во иднина да ја издигне својата преговарачка позиција (антифашистички победник) во какви било преговори и договори, за да може да ги штити и човековите права на македонското малцинство во регионот (па и во Бугарија)…!“, порача историчарката преку Фејсбук.