„Во нашиот устав освен македонскиот народ има и албански народ и другите кои ги сочинуваат другите заедници кои се дел од уставот и нормално доколку и други граѓани во државата кои што се самоопределуваат на друг начин и тие може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ“, изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција во Софија со премиерот на Бугарија Кирил Петков, пренесе ТВ 21.



„Доколку тоа се случи, а нормално дека такво нешто се случува на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвора Уставот со цел и други адаптирања да се направат.

Тогаш низ тој процес секако дека ќе бидат опфатени и тие прашања врз основа на барањата на граѓаните“, изјави премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски.