„И економистите и историчарите мора да учествуваат во изнаоѓање решение за спорните прашања меѓу Бугарија и РС Македонија… Дури и да се решат инфраструктурните проблеми, што ќе биде светол зрак, ќе дојдат историските и потоа доаѓа тешкото“, вели бугарскиот историчар професор Христо Матановво интервју за БГНЕС .
Тој вели дека прашањето не е само економско, но, од друга страна, не е ни само историско.
„Во решавањето на македонското прашање мора да дејствуваме комбинирано“, вели Матанов.
Според него, ако проблемот беше само економски, како што очигледно веруваат и двајцата премиери, што ги спречуваше Македонците да го изградат својот дел од Коридорот 8, кога Албанија и Бугарија се практично подготвени. Го изгубија европското финансирање.
„Забележувам дека политиката на новата влада е да ја турне историската комисија во втор план. Односно да не ги поставуваме оние прашања кои очигледно не’ разделуваат, а тие прашања ќе дојдат порано или подоцна.
Тие се многу непријатни…Тогаш ќе се случи тешкото“, вели Матанов.
Тој потсети на прашањето, зошто Бугарската православна црква не успеа да стане црква-мајка на Македонската православна црква, што беше желба во 2017-2018 година.







