ТВ 21: „Во 6 кичевски села живеат околу 10 жители – младите заминуваат и не се враќаат“

„Рабетин e село на 20 км од Кичево. Најблиската продавница е на 10 км. Во ова село со повеќе од 16 куќи чадат само 2 оџака оваа зима, бидејќи овде живеат само тројца возрасни жители: Ацо Божиноски со сопругата и уште една возрасна жена. Порано ова село броело над 100 жители, раскажува Божиноски.“ – вели ТВ 21 во својата видео-репортажа, која ја пренесе и на својот интернет – портал.

ТВ 21 пишува: „Иста е состојбата и во другите села од поранешната општина Вранештица, која денес спаѓа под општина Кичево. Според Божиноски, има села со по еден жител. Според него, во 6 села има вкупно околу 10 жители. Тој вели дека улицата е оштетена. Немаат водовод и пијат вода од реката, која тече околу селото. Божиноски вели дека ќе живее овде до крајот на животот, но не се надева дека младите ќе се вратат да живеат на село.“

Тој вели дека имаат проблем со нелегалните сечачи на дрва, кои доаѓаат и ги сечат дрвјата во планината. Неколку пати случајот го пријавувале кај надлежните органи, но без ефект. Ова е само едно од кичевските села, кое се соочува со иселување на младите од село во град. Во повеќето кичевски села се останати само повозрасни жители.“