„Погледнете го нивното богатство: нивните домови и нивните возила пред и откако се вклучија во политиката! Дали политичките лидери се збогатија од нивните плати?“ – вели Риат Рамадани, преведувач од англиски јазик од Скопје, во својата објава, која ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ под наслов „Оваа држава не е сиромашна, туку е опљачкана“.
Рамадани пишува: „Политичарите и да не ги плаќаа своите сметки, и да немаа други издатоци, тие не ќе можеа да се збогатат до овој степен. Тие се збогатија, затоа што ти си соработник на својата трагедија!“
„Ние не сме сиромашни! Ние сме ограбени! Политичарите се збогатуваат, пљачкајќи не нас со тоа што не ограбуваат, а а ти им помагаш, ги стимулираш, ја инспирираш својата сиромаштија – ти и помагаш на својата несреќа! Ти си виновникот! Ти што се жалиш и што се тргаш настрана како жртва! Ти којшто се повикуваш на народот! Срам ми е! Да ти припаѓам!“ – вели Риат Рамадани во својата објава.





