Рустеми и Шабани го донесоа Јанакиески на суд на една нога (ВИДЕО)

На една нога, затоа што другата му е скршена, поранешниот министер за транспорт и врси Миле Јанакиески, денеска пристигна во судот придружуван од полицајци.



Наредбата тој да биде спроведен со полиција во понеделник во 10 часот за кога беше закажано рочиште во случајот „Топлик“ дојде од судијата во овој случај Осман Шабани на барање на обвинителот Бурим Рустеми, кому според Република многу му се брза што поскоро да има пресуда.

Рустеми самиот има најавено дека овој предмет треба да заврши што поскоро а со судот има договорено сите докази на одбраната да бидат одбиени, пишува порталот.

Јанакиески има уредна медицинска белешка дека не може да присуствува на рочиштата се до седми февруари бидејќи имаше сериозна повреда на ногата. Пред неколку дена беше и опериран и сега е на домашно закрепнување.

Во судските кругови веќе се зборува за договор според кој Јанакиевски е веќе осуден а пресудата треба да биде го формализирана експресно, пишува Република.

На судењето денеска судијата Шабани ги одби сите сведоци и дополнителни докази од одбраната на Јанакиевски.

Видеото од Јанакиевски кој со една нога беше спроведен во судот на овој линк

https://fb.watch/aKqgJG506U/