Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, ги отфрла наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека бил позитивен за време на посетата во Охрид.
„За време на посетата во Охрид, не бев позитивен и немав никакви симптоми“, вели Зечевиќ за Фокус, додавајќи дека дури после посетата на Охрид се тестирал, а резултатот на тестот бил позитивен.
Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека тој официјално е позитивен на корона вирусот од 20-ти јануари, што, според нив, значи дека претходниот ден, на 19 јануари, Водици, ширел корона меѓу охриѓани.







