И Бугарија, како и Македонија, би било корисно да направи измени во составот на Мешовитата комисија за историски прашања, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за утринската програма на бугарската телевизија БТВ.
„Во време кога климата се влошува, а историчарите губат храброст и се трудат да не ги попречуваат политичарите, во овие повеќе од две години, можеме да направиме анализа на досегашното искуство, без да земеме конкретен пример.
Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, вели Османи во интервјуТО.
Околу барањето на Софија за впишување на Бугарите“ во Македонскиот Устав, Османи вели:
„Не гледаме ништо проблематично да се вклучи која и да е друга етничка заедница, да се интегрира, но и да покаже одговорност илојалност кон државата. Специјално, јас можам да говорам за Рамковниот договор, како претставник на етничка заедница која доби придобивки од Рамковсниот договор, но тој не беше само за Албанците и Турците и власите и Ромите но може и Бугарите да станат дел од него“.







