И Британија ќе ги повлече дипломатите од Киев, ЕУ бара да не се драматизира

И Велика Британија најави заминување на дел од персоналот во амбасадата во Киев.



Украина го нарече потегот „предвремен“ .

Претходно американскиот Стејт департмент им препорача на семејствата на персоналот во амбасадата во Киев да ја напуштат земјата.

ЕУ, сепак, сигнализираше дека не треба веднаш да се следат чекорите на САД и Велика Британија, при што висок функционер на ЕУ порача дека нема потреба да се „драматизира“ ситуацијата се додека продолжуваат дипломатските разговори со Русија.