Брод за крстарење со 700 патници и членови на екипажот скршнал од својата рута на пат кон пристаниште во Мајами, САД, и испловил кон Бахамите, пренесува RT.



Причина е издадена американска потерница за „задржување “ на луксузниот крузер кој должел милиони долари за гориво.

Според утврдената рута, бродот во саботата требаше да се закотви во Мајами. Сепак, во четвртокот беше издадена наредба за „задржување“ поморска практика која предвидува американски маршал да се качи и да ја презеде одговорноста за бродот штом тој влезе во водите на САД.

Крузерот „Кристал симфони“ моментално е вкотвен на Бахамите.

Сите имаме чувство дека сме киднапирани од луксузни пирати“, напиша еден од „киднапираните“ на социјалните мрежи.