Киев го обвини Берлин дека го „охрабрува“ Путин

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба ја обвини Германија дека го „охрабрува“ рускиот претседател Владимир Путин, откако Берлин одби да му достави оружје на Киев, кој стравува од руска инвазија, пренесе Еуроњуз



САД, Велика Британија и балтичките земји објавија дека испраќаат оружје во Украина, поточно противвоздушни и противтенковски ракети, но Германија вчера соопшти дека ќе ѝ достави полска болница на Украина во февруари и ја отфрли идејата за испраќање оружје.

„Германските партнери треба да престанат да го поткопуваат единството со такви зборови и дела и да го охрабрат Владимир Путин да започне нов напад врз Украина“, рече Кулеба.

Тој додаде дека Украина и е благодарна на Германија за веќе дадената поддршка, но дека сегашните изјави се разочарувачки.

Германија веќе ѝ испорача респиратори на Украина, а тешко ранетите украински војници се лекуваат во германските болници, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во интервју објавено во Die Welt.

Таа додаде дека испораката на оружје сега нема да придонесе за смирување на кризата.