„Пржинската влада“ да замине во историјата, предлага ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре во Собрание ќе поднесе предлог за измени на Законот за Влада кои предвидува бришење на девет точки од законот со што, техничката -таканаречена „пржинска“ – влада би заминала во историја.



Предлогот за измени е поврзано со барање за предвремени избори.

Предлогот на пратениците од опозициската партија се однесува на укинување министерските и дополнителните министерски позиции 100 дена пред избори.

Лидерот на пшартијата , Христијан Мицкоски, ова го најави во интервју за ТВ 24 заедно со барањето за предвремени. 

Од СДСМ на ова одговорија дека Димитар Ковачевски ќе владее до 2024. Новиот лидер на партијата Ковачевски го одбива предлогот на ВМРО-ДПМНЕ иако Заев пред две години тврдеше дека пржинската влада не треба да постои.

Од ДУИ кои пред следните избори ќе го превземат премиерскиот кабинет на 100 дена, веќе за ТВ 24 порачаа дека нова техничка влада не треба да има, но и дека тоа нема да го загрози нивниот договор за премиер Албанец на 100 дена пред избори.