Лимани: Со 5 илјади „заколнати поддржувачи“ отвораме „фронт“ во септември – за да му се обезбеди власта на народот

„Фатмир Лимани, внукот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, и независен кандидат за градоначалник на Кичево на последните локални избори, најави албански опозициски ‘фронт’ и политички активизам во наредните месеци. Тој во објавата на фејсбук навести политичко дејствување – ‘фронт’ од септември.“ – објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Лајм“ ја пренесе неговата објава: „Пред една година почнавме со тројца, од кои двајца изразија колебање. Но, со посветеност стигнавме до 5 илјади заколнати поддржувачи.“
„Продолжуваме со 5 илјади заколнати кон ‘фронтот’, што се отвора во септември.“
„Состанок, за создавање на структури, кои го подготвуваат Собранието…“
„Единство за да му ја обезбедиме власта на народот.“



Инаку, Фатмир Лимани пре два дена изјави дека веќе се сретнал со претставниците на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, заради „обединување во албански опозициски фронт во борбата против злото“, не појаснувајќи кого, или што го означува со „зло“. Тој кажа дека се работи „засилено албанските опозициски партии да имаат заедничка кандидатска листа, со која ќе се натпреваруваат на идните парламентарни избори“, едновремено искажувајќи ја својата доближеност до „Беса“, како што кажа до„ другарите од илегалата“.