Мартенс: Бугарија има најбрзо намалување на население на цел свет

Долгогодишниот дописник за Балканот на германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг Михаел Мартенс открива дека Бугарија е водечка земја на светот чие население се намалува со најголема брзина.



,,Според некои статистики, Бугарија има најбрзо намалување на населението во светот. Но, всушност може да има некои добри вести за демографската криза во Источна Европа. Исто така (или можеби дури и особено) за ромското малцинство”, пишува Мартенс кој за ФАС објавува поширока анализа на темата.

Според Мартенс кој е одличен познавач на Балканот и поширокиот регион по падот на комунизмот, Источна Европа изгубила повеќе население отколку во двете светски војни заедно.

Масовната емиграција, падот на наталитетот и недостатокот на привлечност за мигрантите имаат катастрофални ефекти, пишува Мартенс.

Бугарија во последниве десетина години има издадено стотици илјади пасоши на граѓани на Романија, Србија, Молдавија, Албанија и Македонија со образложение дека ги издава на етнички Бугари во овие земји.

Во реалноста со овие пасоши најголем број на луѓето што ги добиле полесно патуваат или емигрираат во ЕУ.

Официјална Софија тврди дека во Македонија има 120 илјади Бугари.

На последните избори на кои имаа право да гласаат сите носители на бугарски пасош во Македонија гласаа околу 300 луѓе.