Ванковска: Од каде му се 2 години фазла на Ковачевски кога вика дека ќе владее 12 години?

Професорката Билјана Ванковска открива „весела математика“ во најавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека ќе биде на власт – 12 години.



„Цело време ме “мачи” еден политичко-математички проблем: Како Ковачевски планира да биде премиер 12 години?

Еве, просто: сега има уште отприлика 2 години до редовни избори, потоа ако победат на 2 редовни циклуси, би добил уште 2 х 4 години.

Тоа се вкупно 10, нели? Е сега од каде му се уште оние 2 години фазла?

Или овој мисли (како некои мои студенти од прва година) дека мандатот на владата е 5 години.

Ова онака, си решавам весела математика – инаку, на сите ни е јасно што се случува: “Го донеле Ковачевски да ги внесе Бугарите во Уставот! Ајде мајката ! “ А колку се зелени се гледа и по тоа што уште не седнати во владата, ќе држат заедничка седница со бугарската! И тоа комисиски ќе работеле! Ова е веќе тешко да се коментира …’ пишува Ванковска на Фејсбук.