И Холандија ќе испрати ловци во Бугарија

photo realistic 3d illustration

Холандија испраќа борци во Бугарија. Станува збор за два ловци Ф-35 од 5-та генерација, кои ќе пристигнат во април и мај, пренесува БГНЕС.



Засега не е јасно во која бугарска воздухопловна база ќе бидат сместени стелт авионите. Целта е да се поддржат активностите на НАТО за воздухопловните сили во регионот на Црното Море.

„Се прават сите напори за деескалација на ситуацијата во Украина преку дијалог и дипломатија. На крајот, ова е во интерес на сите инволвирани страни. “, соопштиле од Министерството за одбрана на Холандија.

Министерството за одбрана на Русија побара НАТО да ги повлече силите и воената техника од Романија и Бугарија, но од Алијансата го отфрлија таквото барање.

photo realistic 3d illustration