„Анатемизирајќи го албанскиот јазик, ‘апасиевскиот вирус’ ги загрозува постоењето на државата и здравјето на мултиетничкиот живот во неа. Затоа, не може да му се дозволи простор за развој на тој вирус. Не мал дел од македонската заедница се спротивставуваат на употребата на албанскиот јазик и тие се уште ја носат облечена последната наметка на антиалбанството, имајќи го својот психички и духовен екстракт главно во партијата ‘Левица’. Партиите како ‘Левица’ стануваат опасни и наелектризираат многу зла.“ – вели Алпин Ологу во колумната со наслов „Албански блок за екстрактот ала-Апасиев“, која ја објавија информативниот портал „Порталб“ и некои други медиуми на албански јазик.
Ологу пишува: „На почетокот политичката пропаганда на партијата ‘Левица’ изгледаше смешна, без можност да го заземе своето место во нашето мултиетничко општество, закрепнато со жртви од етничката поларизација пред и главно по оружениот конфликт во 2001 година. Меѓутоа, како кога многу зла ќе се запоставуваат и се игнорираат така и партиите како ‘Левица’ стануваат опасни и наелектризираат многу зла.“
„За време на расправата за изборот на новоформираната Влада, пратеникот и претседател на ‘Левица’ Димитар Апасиев му се обраќа со овие зборови на албанскиот претставник во Ппарламентот: ‘Ако сакате да влезете во материјална дискусија и да расправате со мене, зборувајте на македонски јазик, бидејќи не користам слушалки кога ми се обраќаат директно.’ Ова е еден од многуте случаи кога лидерот на ‘Левица’ се обидува да навреди и да го разгори огнот на спротивставувањето кон употребата на албанскиот јазик, која е согласно со законот за употреба на јазиците. Ставот и концептот на Апасиевците кон албанскиот јазик е јасно во спротивност со евроатлантските вредности и правниот поредок во државата.“
„По донесувањето на законот за употреба на јазиците, усвоен од Собранието на Република с.Македонија на 14 март 2018 година, со кој албанскиот се дефинира како рамноправен јазик со македонскиот на сите институционални рамништа, гледаме повторно појавување на реакција и спротивставување на албанскиот јазик од не мал дел на македонската заедница, кои се уште ја носат облечена последната наметка на антиалбанството и кои се појавуваат со својот психички и духовен екстракт главно во партијата ‘Левица’. Тие го нарекуваат законот неуставен и пречекорување на правото, намерно погрешно толкувајќи ги забелешките на Венецијанската комисија за овој предметен закон. Всушност, тие забелешки беа на техничко рамниште на спроведување, имајќи ги предвид капацитетот на администрацијата и на финансиската моќ, а не беа забелешки на суштината на правото, на проширувањето на употребата на албанскиот јазик.“
„Како резултат на политичкиот наратив ала-Апасиев и на инспирацијата на разните злонамерни кругови, практичната примена на албанскиот јазик во државните институции останува многу успорена и со многу пречки, особено по усвојувањето на законот за употреба на јазиците во 2018 година. Притоа, не ги запоставуваме и не ги оправдуваме комплексираноста, инфериорноста и немањето храброст кај многу албански граѓани, вработени и раководители во институциите на јавната и на државната администрација за неопходното заживување на албанскиот јазик согласно со законот. Не значи дека во огромното мнозинство институции нема капацитет за целосна употреба на албанскиот јазик.“
“Менталитетот ала-Апасиев, кој е веќе парламентарен дел со значителен број пратеници, е најштетниот дел на нашата мултиетничка политика и општество. Штетно е за интеграцијата и соработката меѓу заедниците, но и за европската интеграција на земјата. Императив е овој концепт да биде изолиран и и да се соочи со спротивставување во блок, најмалку од албанските политички претставници. Не може да му се дозволи простор за развој на овој вирус, кој ги загрозува здравјето на мултиетничкиот живот во државата и самото постоење на државата. Ниедна друга политичка цел во изборната отчетност пред албанското население не може да ја оправдаат соработката со ‘Левица’ на централно и локално рамниште.“
„Албанскиот јазик, анатемизиран од Апасиевците, е јазик на речиси најголемите даночни обврзници и финансиски придонесувачи во с.Македонија, вклучувајќи ги дознаките во нашата земја од албански работници во странство, од чии финансии овој пратенички вирус зема плати како пратеник. Ако Апасиевците не го разбираат јазикот на човечките права, тогаш нека го разберат јазикот на екстремното албанско изолирање на централно и локално рамниште. Почитувањето на правото може да произлезе од љубовта и од хуманизмот, но може и од стравот.“ – порачува Алпин Ологу во колумната.
Home Македонија Ологу: „Апасиев-вирусот“ против албанскиот јазик го загрозува постоењето на државата – „Левица“...





