Повеќе од 100 милитанти од групата Исламска држава извршија напад врз најголемиот сириски затвор во кој се држат осомничени екстремисти, соопштија официјални лица во петокот, додека членовите на групата во Ирак упаднаа во армиска касарна, убивајќи 11 војници додека спиеја



23 „борци“ на Исламската држава, вклучително и странци, биле убиени од силите предводени од Курдите во Сирија, објави Ројтерс.

Претходно седум членови на Сириските демократски сили предводени од Курдите биле убиени во напад на Исламска држава, која се обиде да ослободи некои затвореници.

Исламската држава контролираше делови од Сирија и Ирак се додека не беше протерана од нивните територии во 2017-2019 година од страна на нејзините противници, вклучувајќи ги САД, Сириските демократски сили и ирачките безбедносни сили.

Сепак, групите на ИСИЛ продолжуваат да вршат напади во двете земји. Сириските демократски сили соопштија дека привеле 89 екстремисти во областа на затворот, каде што продолжуваат судирите.

Ова е втор обид на Исламска држава да ослободи затвореници од декември. Исламската држава се обидува да ја преземе контролата врз регионот и да ја оживее својата организација, предупредија Сириските демократски сили.