Алити: ДУИ поставува функционери низ институциите со криминални механизми за контрола врз нив

„Колку е интересна појавата на фаќање на ‘опашката со врата’! ДУИ како експерт за зли работи се погрижи да ги втера во долгови своите функционери за време на именувањата, помагајќи им со фалсификувана диплома или уверение за познавање јазик, или преку прекршување на постапките при именувањата и т.н.“ – вели Љуљзим Алити во својата колумна со наслов „Како ДУИ ги втерува во долгови своите функционери“, која ја објавија информативниот портал „Алмакос“ и некои други медиуми на албански јазик.

Натаму Алити пишува: „Сево ова се прави со две цели:
1.За да постави свои луѓе низ позициите
2. За да воспостави контролен механизам врз своите луѓе.“

„Како резултат на тоа, сиромашните ‘директори’ за време на изборните кампањи се принудени да обезбедуваат големи суми во зависност од институцијата што ја водат.
Пример: директорите на некои училишта добија обврска од жиро – сметката на училиштето да издвојат 300.000 денари, или 5.000 евра, за изборната кампања.“

„Со ова тие тонат уште повеќе во криминалот, забетонирајќи го уште повеќе механизмот на контрола од страна на нивните падрони – сопственици врз нив. Може да ви изгледа ова пишување како да е малку аналитичко, но всушност тоа е во значителна мера поткрепено со факти и аргументи.“ – заклучува Љуљзим Алити во својата колумна.