Пред неколку дена Агенцијата за администрација распишала оглас за вработување на 40 нови службеници во УЈП, од кои 25 места се резервирани за Албанци, а тоа е наведено као услов, што е предвиде согласно годишнот план на Управата за јавни приходи, дознава Фактор.
Покрај нив, четворица од оние што ќе се примаат ќе бидат Македонци, четворица Турци според својата етничка припадност. Тројца од нововработените се предвидува да се Роми, двајца Срби, еден Бошњак и еден од друга националност.
Нивните плати главо ќе бидат или 30.037 денари, или 33.332 денари, иако за некои вработувања се предвидени и нешто пониски месечни примања, но тие работни места се значително помалку на број, дознава Фактор.







