На прашањето, дали со изборот на новата Влада сметате дека ќе има подобрување на нејзината работа, 42,3% испитаници одговориле негативно, покажува анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).
Запрашани „Дали со формирањето на новата Влада ќе се надмине политичката криза во Македонија или не“, исто така 42,7% од испитаниците имаат негативно мислење, 28,6% мислат дека ќе биде надмината политичката криза.
Анкетата на ИПИС, финансирана од сопствени средства, била спроведена во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022, а телефонски биле контактирани на 1.124 полнолетни испитаници.







