Д-р Беќаровски: Да ги укинеме смешните ковид-сертификати

Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на КОВИД-сертификатот во дадениов момент, прашува д-р Нико Беќаровски.



Во објава на Фејсбук Беќаровски предлага “да бидеме лидери во Европа барем во нешто“ и бидејќи омикрон покажа дека сертификатите немаат значење да бидеме во првите кои ќе ги суспендираат.

„Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат. Да 100% точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати. Место барање на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т. е. мерење на телесната температура.

Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, ќе Ве замолам размислете и ставете ја на дневен ред оваа идеја. Покажете малку оригиналност“, пишува на ФБ, д-р Беќаровски.