Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја покани поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да раководи со советодавно тело на високо ниво за глобални јавни добра, јави ДПА.
Под глобалните јавни добра, ОН вклучуваат глобално здравје, наука, мир, животна средина и економија.
Извори од ОН велат дека Гутереш испратил писмо со својот предлог до Меркел, но се уште не добил одговор.
Сепак, мислењето на многумина во самата организација е дека поранешната германска канцеларка најверојатно нема да ја прифати понудата за работа.







