Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Митре Велјаноски во вчерашното заедничко гостување на Телна со екс-министерот Никола Димитров оцени дека иако со „преспанскиот договор“ некои прашања и блокади се решија, тој ја отвори „Пандорината кутија“.
„Едно болно тешко прашање кое ни беше 30 години камен околу вратот го решивме со Грција, го затворивме, но, по која цена да не разговараме…
„Ја плативме цената, но сега имаме поголеми проблеми, буквално поголеми проблеми, имаме негирање на македонската нација“, рече Велјановски.
Велјаноски вели дека Македонија треба да ја промени стратегијата за да влезе во ЕУ: „Да се оди точка по точка, а да не се отвараат главните, тешките прашања.
Дефинитивно, мора да се отворат и затворат тие тешки прашања, но не на штета на Македонија, затоа што ние сме уценетата странка со членството во Европската унија.
Ние треба да му кажеме на секој дека не по секоја цена Македонја треба да влезе во ЕУ“, вели Велјаноски.






