Германија ја врати Македонија на листата на ризични земји и со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележан ковид или негативен ПЦР тест.
За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за ковид-19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.
Нов ковид-протокол за услови за влез за патници од повеќе земји , меѓу кои и од Македонија имаат и Финска и Хонг Конг.







