Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент

Членовите на Европскиот парламент ја избраа Роберта Мецола(43) за нов претседател.



Таа доаѓа на местото на починатиот прв човек на ЕП, покојниот Давид Сасоли, а досега ги извршуваше неговите должности.

Со нејзиниот избор Европскиот парламент конечно доби жена претседател, а Мецола е најмладиот претседател во историјата на евро-парламентот.

Мецола освои големо мнозинство од 458 гласови и стана третата жена на чело на парламентот по договорот меѓу водечките политички групи.

Малтешката европратеничка Роберта Мецола, која беше в.д. претседателка на парламентот по смртта на Сасоли, е член на Европската народна партија (парламентарна група на христијанско-демократските и конзервативните политички движења).

Фактот дека лице од островската држава Малта со нејзините 500.000 жители за првпат добива врвна функција е важен за ЕУ: Изборот на Мецола е сигнал затоа што, за разлика од нејзините претходници Мартин Шулц, Антонио Тајани и Дејвид Сасоли , таа не доаѓа од голема земја како Германија или Италија, а мораше да направи кариера во Брисел.