Аадминистрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не размислува за санкции против бугарската Влада и е убедена дека владите на Македонија и Бугарија започнале конструктивен дијалог кој ќе помогне навремено да се решат нивните разлики, јави дописникот на МИА од Софија.
„Го цениме силниот интерес на американскиот Конгрес за ова прашање и ќе продолжиме да одржуваме тесна координација со Конгресот за ова прашање“ се вели во соопштението на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, дистрибуирано од Амбасадата на САД во Бугарија.
Во соопштението се вели дека САД силно го поддржуваат пристапувањето на Македонија и Албанија во Европската Унија и веруваат дека тоа ќе биде од корист за сите земји во регионот.







