Главен административен центар на Индонезија веќе нема да биде Џакарта, туку ќе се наоѓа во провинцијата Источен Калимантан, лоцирана на островот Борнео.
Ваква одлука доnесоа пратениците од долниот дом на индонезискиот парламент, пренесува ТАСС.
Владата се надева дека ќе ја „растовари“ пренаселената Џакарта, град со 10 милиони жители, кој страда од редовни поплави и е еден од градовите кои најбрзо тонат во светот.
Делови од северна Џакарта паѓаат за околу 25 сантиметри годишно…
Новиот главен град ќе го носи името Нусантара, изјави во понеделникот индонезискиот министер за планирање за национален развој, Сунхаро Моноарфа.
Идејата за нов главен град на островската држава датира од 2019 година.
За изградба на нов национален административен центар беа издвоени 32 милијарди долари, но поради пандемијата на Ковид, проектот беше прекинат.
Владата планира да сите градежни работи да завршат во рок од две години.







