Мицкоски: Ајде на предвремени избори за цврсто владино мнозинство

Ајде луѓе да одиме на предвремени избори затоа што мислиме дека е потребно цврсто владино мнозинство, мнозинство кое што ќе биде отпорно на уцени, мнозинство кое што ќе може да ги спроведе реформите, економски политики, реформи во правосудниот сектор, изјави синоќа во гостување на ТВ 24, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



„Јас сум апсолутно свесен дека тоа во овој момент ниту за Ковачевски, ниту за луѓето околу него не е прифатливо, немојте да мислите дека јас живеам во некој паралелен свет и се надевам имам надеж дека тие наеднаш ќе седнат и ќе речат ајде да одиме на предвремени парламентарни изброи.

Рече дека е подготвен да да се интервенира во Изборниот законик за да се избришеме делот со таканаречената „пржинска“ влада.

„Ако е проблем техничката влада и времетраењето ајде да интервенираме и да ја тргнеме таа техничка влада“, рече Мицкоски

Тој рече дека е подготвен сум да разговара и за една изборна единица ова што го велат помалите политички партии кое што им е алиби да ја поддржуваат владата на ДУИ и која што ја администрира Ковачевски.

„За се сум подготвен да зборуваме, само да дојдам до целта, а целта е како граѓаните да добијат влада која ќе спроведе квалитетни реформи“, изјави лидерот на опозицијата Мицкоски.