Меџити му кажал на Ахмети дека нема да гласа за новата влада

Пратеникот и потпреседател на ДУИ, Изет Меџити пред две недели го информирал лидерот на ДУИ Али Ахмети дека нема да гласа за новата влада предводена од Димитар Ковачевски. Во изјава за весникот ЛАЈМ, Меџити вели дека причините се јавни и дека имаат врска со извршната власт на ДУИ.



„Аргументите се веќе познати, одамна се јавни и се упатени до извршната власт на ДУИ“, изјавил Меџити.

На вчерашнот гласање за владата на Димитар Ковачевски, Меџити заедно со уште една пратеничка на СДСМ – беше отсутен.

Поранешниот градоначалник на Чаир и еден од „непослуниците“ во ДУИ, по изборите во 2020 година и формирањето на Владата „Заев 2“, отворено изрази незадоволство од изборот на претставници на неговата партија во извршната власт.