Пратеничка од СДСМ се пофали со зголемениот број на социјални случаи

Во текот на собраниската седница на која се дискутираше за составот и изборот на новата влада предводена од Димитар Ковачевски, свое обраќање пред пратениците имаше и пратеничката од редовите на СДСМ, Марија Георгиевска која истакна дека за време на овој период од владеењето на СДСМ се зголемил бројот на социјални случаи.



-Навистина има со што да се пофалиме, вели таа во реплика до свој колега и додава:

-Зголемена е бројката на луѓе кои што примаат социјална помош.