Спасовски: На Ковачевски му понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со MBP

Во претпладневното гостување на ТВ24, поранешниот и актуелен министер за внатрешни, Оливер Спасовски, откри дека при подготвиувањето на новиот состав на владата, на мандатарот Димитар Ковачевски му предложил да постави друг човек на челото на МВР.



„Со Ковачевски имавме неколку средби на кои разговаравме на оваа тема. Јас понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со МВР“, рече Спасовски.